Подетално за компанијата
ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК
Компанијата ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК се занимава со продажба на мало во специјализирани продавници на: опрема за осветлување, штедливи и обични сијалици, електро материјали и електро опрема од брендовите HOROZ, AOKTAY, PHILIPS, FORMEL...
Производи за домаќинства од познатиот бренд VIKO


ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ
ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ Струмица е градежно инвестициона компанија основана 2009 година, со единствена намена инвестирање во високоградба и продажба на станбен и деловен простор.
Нашите објекти се потврда за професионалноста за која се залагаме, континуирано подобрувајќи го квалитетот и поставувајќи ги новите трендовите во градежништвото, воопшто. Со континуирано следење на современите технологии и модели на градење, како и нивна примена, постојана соработка со иновативни компании во областа на градежништвото и употребуваме само најквалитетни градежни материјали, со одлични термички, акуситични и хидроизолациски својства, за кои секогаш обезбедуваме најдолги гаранции.

КВАЛИТЕТ
Материјалите и опремата која ја вградуваме во нашите станбено-деловни објекти се исклучиво од реномирани европски и светски производители, за чиј квалитет гарантираат самите производители и нивните дистрибутери. За изградбата на објектите и изведбата на градежно занаетчиските работи ангажираме стручни и лиценцирани соработници од секоја област, со што се осигурува квалитетот при градењето.
ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ е докажана градежна компанија, која има континуиран раст. Располагаме со солидна актива и финансиски ресурси за да ги самофинансираме своите проекти, незагрозувајќи ги правата на клиентите и потенцијлните купувачи.

ЕКО ДОМУВАЊЕ
Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетно еко домување, ставајќи главен акцент на сеизмичката сигурност и сигурноста воопшто, како и на енергетската ефикасност на објектите. ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ е постојано во чекор со новите техники и технологии, чија примена е под надзор на високо стручно обучени кадри, заради што работиме само со овластени изведувачи кои располагаат со сертификати за квалитет и современа опрема и механизација.
ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ гради домови со високи перформанси, по врвни стандарди, еколошки и долготрајни.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Гоце Делчев бб, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија