Filters
Пребарување
ТОНУС ЛЕБ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ТОНУС - Леб на иднината

Лебот без брашно, од  из’ртено пченично зрно ТОНУС е високо рангиран  производ за здрава исхрана. Произведено по лиценца од ООО „AcademProduct”, Русија, www.tonushleb.ru, автор академик В. Антонов. Ние сме горди на ексклузивниот договор за концесија кој го потпишавме со рускиот академик Антонов.

Тонус - леб без брашно

Производи

Подетално за компанијата

 
ЛЕБ БЕЗ БРАШНО, ОД ИЗ’РТЕНО ПЧЕНИЧНО ЗРНО

ТОНУС - ЛЕБ ЗА ТРЕТИОТ МИЛЕНИУМ

 

ТОНУС е високо рангиран  производ за здрава исхрана. Леб од цело зрно на пченица произведен директно од из‘ртено зрно пченица. Главната цел на производство на овој леб е максимално искористување на сите хранливи состојки од зрното на пченицата. Патентираната технологија за производство на лебот „ТОНУС” овозможува да се сочуваат сите корисни делови на зрното, вклучувајќи ѓи и никулците, алеуронскиот слој и повеќеслојните лушпи.

Ние сме горди на ексклузивниот договор за концесија кој го потпишавме со рускиот академик Антонов, врз основа на кој на секој наш производ и рекламен материјал се наоѓа текстот: Произведено по лиценца од ООО „AcademProduct”, Русија, www.tonushleb.ru, автор академик В. Антонов. И технологијата и специјалната опрема за производство на „ТОНУС” се патентирани.

Во 1987 година е развиена уникатна технологија за производство на пченичен леб кој  има лековити својства и е произведен директно од жито (донесено во фаза на ‘ртење), без употреба на брашно во процесот. Во истата година конципирана е и првата експериментална опрема за производство на овој леб. Во 1990 година создадени се индустриските машини и опрема за производство на пченичен леб од цело зрно и тој е регистриран како трговска марка под името „ТОНУС”. Денес „ТОНУС” се произведува во повеќе од 30 градови во Русија и во странство, вклучувајќи и пет европски земји, меѓу кои и Македонија. Носителот на лиценцата Akadem Produkt за Македонија е фабриката за леб и бели пачива ЖИТО ЦЕНТАР од Скопје.

Овој леб содржи многу хранливи влакна. Со користење на 250 грама ТОНУС леб дневно во организмот внесувате од 40 до 45 грама влакна, а потребната дневна количина е 50 грама влакна. Врз основа на научни податоци содржината на хранливите влакна во „ТОНУС” е 22 проценти, од кои 13 се растворливи влакна и 9 отсто нерастворливи. Тоа е 20 пати повеќе во однос на содржината на хранливите влакна во стандардниот леб произведено од пченично брашно.

КОМПАРАЦИЈА

Неодамна, на пазарот се појавија многу видови леб од житарки, кои во основа имаат брашно и како адитиви различни видови или комбинација на скршени или сплескани житарки. Сите овие видови леб се различни од „ТОНУС” лебот првенствено заради тоа што содржат брашно кое има ниска биолошка вредност, како и по зрното од кое се добива брашното, бидејќи тоа не е доведено во состојба на ртење ниту е сомелено, за да може со исхраната да примите лесно асимилирачки елементи и квалитетни хранливи влакна. Интегралното зрно, ако не е изртено, организмот практично не може да го прими!

tonus-leb-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 20 Бразда 215 Чучер Сандево , 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)78/396 895

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа