Filters
Пребарување
СОПОТ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијаата СОПОТ се занимава со експлоатација на камен (варовник), кој има широка примена во градежништвото, во производството на вар, производстворо на микрогранулати за потребите на хемиската индустрија

- Ги произведуваме сите фракции што имаат широка примена во градежништвото
- Можеме да произведеме и фракции надвор од стандардните, по договор со клиентите

СЕРТИФИКАТИ

Производите ги исполнуваат сите стандарди во согласност со законските прописи
Ги поседуваме потребните атести издадени од акредитирани лаборатории

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Сите градежни компании, компаниите кои се занимаваат со нискоградба, производство на бетон и бетонски производи и производство на асфалт

Подетално за компанијата

ЕКСПЛОАТАЦИЈА И ПРОИЗВОДСТВО НА КАМЕН ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

СОПОТ ДОО е македонска компанија со домашен капитал, основана 2000 година. Основната дејност на компанијата е експлоатација и производство на камен за градежништво. Со експлоатација на рудникот-каменоломот почнавме по склучување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина-варовник со Владата на Р. Македонија во 2000 година.

Локацијата на лежиштето (рудникот-каменоломот) се наоѓа во атарот на село Сопот, општина Куманово, со директен асфалтиран пат во должина од 4,5 км до автопатот Куманово-Табановце. Располагаме со големи експлоатациони резерви на квалитетен камен (варовник) кој има широка примена во градежништвото, во производството на вар, производстворо на микрогранулати за потребите на хемиската индустрија, производстворо на фракции за градежништво...

sopot-clubeconomy
sopot-clubeconomy

Годишниот производствен капацитет во една смена изнесува 350.000,00 тони.

Ги произведуваме следните фракции за градежништво:

• Фракција 0-4 мм

• Фракција 2-5 мм

• Фракција 4-8 мм

• Фракција 8-11,2 мм

• Фракција 11,2-16 мм

• Фракција 8-16 мм

• Фракција 16-22 мм

• Фракција 22 – 31,5 мм

• Тампон 0-31,5 мм

• Тампон 0-61,5 мм

Можеме да произведуваме и други фракции надвор од стандардните, по претходен договор со клиентите во согласност со нивните специфични потреби.

sopot-clubeconomy
sopot-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 1737 бр. 32/1-24,
П. Фах 876, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3150 404

Социјални медиуми

Лице за контакт

Јетула Исени


Мапа