Filters
Search
MOTEL RESTAURANT CHIFLIK

Main occupation

МОТЕЛ РЕСТОРАН ЧИФЛИК сместен во прекрасната природа на Поречието, покрај кристално чистата река Белешница, во селото Белица, во подножјето на планините Јакупица и Даутица

Етно ресторан, со тредиционална македонска кујна
СПЕЦИЈАЛИТЕТ: свежа пастрмка од сопствен рибник
Домашно вино и ракија

Спокој и релаксација во недопрена природа, на дваесетина километри од Македонски Брод

На само 70 км од Скопје, по нов пат, низ живописниот Резерват Јасен. Ве очекуваме!

MOTEL RESTAURANT CHIFLIK

COMPANY DETAILS

COMPANY DETAILS

МОТЕЛ РЕСТОРАН ЧИФЛИК

МОТЕЛ РЕСТОРАН ЧИФЛИК се наоѓа во прекрасната природа на Поречието, на десетина километри од Македонски Брод. Сместен е покрај кристално чистата река Белешница, прегрнат од подножјето на две планини, Јакупица и Даутица, во славното село Белица. Недопрената природа и чистиот воздух ќе ви дадат можност за вистинско уживање, спокој и релаксација, далеку од градскиот метеж.

Види повеќе
motel-restoran-ciflik-clubeconomy

ТРАДИЦИОНАЛНА МАКЕДОНСКА КУЈНА

РЕСТОРАНОТ ЧИФЛИК има капацитет од 80 гости во затворениот простот, а заедно со терасата покрај реката и платформата над самата река, од која ќе ја почувствувате најубавата природна свежина и во најжешките денови, капацитетот се зголемува на 250 гости. ЧИФЛИК е вистински етно ресторан, со традиционална македонска кујна. Од менито најтопло ви ги препорачуваме специјалитетите од штотуку уловена пастрмка од нашиот рибник, потоа големиот избор на специјалитети од месо, домашните пити, макала, салати и јадењата приготвени во фурна.

motel-restoran-ciflik-clubeconomy

МОТЕЛ ЧИФЛИК

МОТЕЛОТ ЧИФЛИК има капацитет за сместување до 25 гости, во различен тип убаво уредени комфорни соби. Сите соби имаа поглед на реката и планината, што дополнително ќе ве релаксира додека опуштено уживате во вашиот одмор.

motel-restoran-ciflik-clubeconomy

УЖИВАЈТЕ!

Мотелот е одалечен од ресторанот само стотина метри, поврзани се со убава патека, а можете да се дружите и со коњите од нашата ергела. При престојот во комплексот ЧИФЛИК можете да уживате во питомоста на Поречијата и да ги посетите локалитетите: Девини Кули, Пештерата Пешна, Езерото Козјак, Реката Треска и голем број манастири.

motel-restoran-ciflik-clubeconomy

CONTACT

Address

Street: Belica Village, Makedonski Brod, Macedonia
City: Makedonski Brod
Country: Macedonia


Social media

Contact person




Map

Documents