Filters
Пребарување
ПРОНЕКС-ХЕМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ПРОНЕКС-ХЕМ повеќе од две децении ги нуди најдобрите висококвалитетни суровини за земјоделско производство на македонскиот пазар. Ние сме ексклузивни застапници на следните светски компании:

  • Haifa - израелска компанија која произведува кристални и ѓубрива во гранули
  • Ginegar - израелска компанија која произведува пластични филмови за оранжерии
  • Metzerplas - израелска компанија која произведува капка -по- капка системи за наводнување
  • Plantaflor - германска компанија која произведува супстрат за садници
  • Agris - грчка компанија која произведува расад за производство на зеленчук
  • Јусел - турска компанија која произведува хибридни семиња за производство на зеленчук

ПРОНЕКС ИНЖЕНЕРИНГ - проектирање и изградба на системи за наводнување, стакленици, куќи, станбени и деловни згради

Подетално за компанијата

ГРУПАЦИЈАТА ПРОНЕКС е основана во 1992 година, прво како ПРОНЕКС ХЕМ, која во 1995-та почна да работи со ѓубрива и набрзо стана една од најголемите компании во овој сегмент во Македонија.

Повеќе од две децении ги нудиме најдобрите високо квалитетни суровини за земјоделско производство на македонскиот пазар. Ние сме ексклузивни застапници на следните светски компании:

  • • Од 2000 година на Haifa - израелска компанија која произведува кристални и ѓубрива во гранули

  • • Од 2003 година на Ginegar Plastic Products - израелска компанија која произведува пластични филмови за оранжерии

  • • Од 2005 година на Metzerplas - израелска компанија која произведува капка -по- капка системи за наводнување

  • • Од 2005 година на Plantaflor - германска компанија која произведува супстрат за садници

  • • Од 2010 година на Agris - грчка компанија која произведува расад за производство на зеленчук

  • • Од 2011 година на Yuksel - турска компанија која произведува хибридни семиња за производство на зеленчук

proneks-hem-clubeconomy

Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите производи со најголема услуга и постојано подобрување на нашата способност за ефикасно управување со животниот циклус на растенијата со информации и знаење. Да ги обезбедиме најдобрите материјали, ѓубрива, пластика, садници, системи за наводнување, вклучувајќи ги и најдобрите можни информации и знаење со цел да се подобри квалитетот на македонското земјоделство.

Нашата визија е да останеме лидер во регионот во земјоделството, но и да се прошириме во регионот. Да им помогнеме на македонските земјоделци да стигнат до европските стандарди за квалитет и да останеме број еден даватели на услуги во земјоделието.

proneks-hem-clubeconomy

ПРОНЕКС ИНЖЕНЕРИНГ е нов член во ГРУПАЦИЈАТА ПРОНЕКС, основана во 2009 година, со цел да обезбеди квалитетни услуги во градежништвото. Се занимава со проектирање и градење на системи за наводнување, стакленици, но, исто така, и куќи, станбени и деловни згради.

Работењето на ПРОНЕКС ИНЖЕНЕРИНГ се темело врз висок професионализам и компетентност. Со тим од тројца градежни инженери и тим на технички персонал ние сме способни да ги задоволиме сите ваши потреби за вашата градба. ПРОНЕКС ИНЖЕНЕРИНГ ги има потребнте механички алати и машини, што ни овозможува навреме и квалитетно да ги реализираме и најкомплицираните градби.

Со компетентност и знаења на ПРОНЕКС ИНЖЕНЕРИНГ, вашите оранжерии, приватни домови и јавни згради ќе бидат изградени на начин кој ги задоволува сите стандарди од аспект на безбедноста, квалитетот и дизајнот.

proneks-hem-clubeconomy
proneks-hem-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Гоце Делчев бб, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)34/345 336

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа