Filters
Пребарување
ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ се занимава со изработка на резервни делови за индустријата и изработка на алати за леење пластика, бризгање пластика, како и алати за пробивање, виткање и просекување на лимови, изработка на машински конструкции по нарачка.

Производната програма ја следат и современи машини, како ЦНЦ глодалка, ЦНЦ струг, ЦНЦ ерозимат со жица...

ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ доо

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ

Почетоците на ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ датираат од 1993 година, кога компанијата  работеше како мала машинска работилница. Во почетокот основна дејност ни беше изработка на резервни делови за земјоделски машини, како и класични машински услуги. Со текот на годините нашата инженерско–занаетчиска работилница успеа да се афирмира со својот препознатлив имиџ и да си го најде местото во металската индустрија.

Денес ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ е компанија со околу 30 вработени, со тенденција за зголемување на знаењето и бројот и обученоста на вработените, проширување на асортиманот на услугите и производите, освојување на нови сегменти од пазарот и усовршување на менаџерскиот тим. Главна дејност на фирмата е изработка на резервни делови за индустријата и изработка на алати за леење пластика, бризгање пластика, како и алати за пробивање, виткање и просекување на лимови. Производната програма ја следат и современи машини (ЦНЦ глодалка, ЦНЦ струг, ЦНЦ ерозимат со жица) кои овозможуваат квалитетно производство со високо прецизни конструктивни карактеристики. ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ поседува опрема и стручен кадар за проектирање во најсовремени ЦАД-ЦАМ софтвери (MASTERCAM X7), така што изработката на делот или алатот можеме да ја изведеме од идеја до реализација.

orion-inzenering-clubeconomy
orion-inzenering-clubeconomy

УСЛУГИ

  • • Стругање, ЦНЦ стругање

  • • Глодање, ЦНЦ глодање

  • • Електроерозија со електрода, ЦНЦ електроерозија со жица

  • • Брусење

  • • Гравирање

  • • Штанцање

  • • Термичка обработка

  • • Машинска обработка на мали и средни серии

  • • Машино-браварски услуги

  • • Замена на клипни вретена на хидаулични клипови

  • • Ремонт на пумпи, редуктори, хидраулични клипови...

ПРОИЗВОДСТВО

Производство на резервни делови по порачка за разни машински констукции по пример, без техничка документација и по сопствена техничка документација во писмена или електронска форма (примаме порачки по интернет), како на пример:

  • • Осовини, ракавци и вратила

  • • Цилиндрични запчаници со прави и хеликоидни заби, назабени вратила

  • • Ланчаници

  • • Нутови и осовини и полуосовини со нутови

  • • Клинести и запчести ременици

  • • Полжавни парови

Од разни материјали, како челици со разни квалитети, алумуниум, бронза, месинг, пластика, композитни материјали... Исто така, изработуваме делови и опрема од ИНОКС за потребите на прехранбената индустрија.

orion-inzenering-clubeconomy
orion-inzenering-clubeconomy

АЛАТИ

  • • Алати за лиење пластика

  • • Алати за бризгана пластика

  • • Алати за пробивање, виткање и просекување на лимови

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Љубе Грујоски бр. 1, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Златко Димески, дипл. маш. инж.


Мапа

Документи