Filters
Пребарување
ОРЕОВ ЛАД

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Комплекс ОРЕОВ ЛАД - Спој на традиционалното и модерното

 

Професионална кетеринг - Свадби, Крштевки, Прослави

Едукативен центар за келнери и готвачи

 

ОРГАНИЗИРАМЕ ПРЕДНОВОГОДИШНИ ПРОСЛАВИ

070/270 790; 02/2057 958

Подетално за компанијата

 
Посебен ресторан што нуди несекојдневно доживување

ОРЕОВ ЛАД

 

Од неговото отварање во 1980 година па до денес, ресторан “Ореов Лад“ стана едно од најпријатните места за забава, разонода и прослави во Скопје. Лоциран е во западниот дел од градот, во спортско рекреативниот центар “Сарај”, на патот кон Матка.

Ресторанот ОРЕОВ ЛАД располага со 150 седишта внатре во ресторанот и 250 седишта надвор, во прекрасната градина; базен со жива пастрмка во лето, 2 паркинг простора за околу 70 коли; детско игралиште. Жива музика за викенд, само во летниот период и при организирање групни прослави.

Нашиот персонал е тука за вас да ви ги овозможи следниве свечености: свадби, крштевки, родендени, годишнини од брак, мекици, матурски вечери, апсолвентски вечери, дипломски вечери, слави, корпоративни прослави...

Организираме прослави по повод: Нова година, од 22.12 до 31.12, Стара нова година 13.01, Водици 19.01, Св. Трифун и Валентин 14.02, 8ми Март, Велигден.

Нудиме македонска, интернационална, веганска, вегетаријанска и молекуларна кујна

Би сакале да ја нагласиме нашата професионална кетеринг услуга, со што ке ви овозможиме да ги угостите вашите гости во вашиот дом.

Нашиот тим ви стои на располагање, да ве поддржи и помогне при планирањето на вашите прослави, како и да ви ги овозможи дополнителните барања, како што се : Аранжмани со цвеќе, балони, свеќи; специјални светлосни ефекти; различен тип на музика; фотограф, снимател и друго.

Се ова ќе допринесе да вашата прослава биде посебна и особено интересна.

oreov-lad-clubeconomy

КОМПЛЕКС ОРЕОВ ЛАД

- РЕСТОРАН

- ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ОБУКИ НА ГОТВАЧИ И КЕЛНЕРИ, центарот е на ниво на средно образование, посетителите добиваат меѓународно признат ертификат.

- СОБИ ЗА ПРЕНОЌУВАЊЕ

oreov-lad-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 20 бр. 5, Сарај, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Сузана Стојковска, +389 (0)70/279 790


Мапа

Документи