
Подетално за компанијата
ДГ НОВОГРАДБА
ДГ НОВОГРАДБА e реномирана градежна компанија која врши изградба на станови, деловни и индивидуални објекти, индустриски погони и други градежни објекти. Во самата изградба користиме квалитетни материјали од реномирани македонски и странски компании.

СОРАБОТКА
Последните 48 години ДГ НОВОГРАДБА има соработувано со многу луѓе, деловни партнери, инвеститори..., градејќи ги становите во кои тие живеат, деловните објекти во кои го реализираат својот бизнис, канцелариите во кои работат... Нашата историја продолжува да се пишува.

КВАЛИТЕТ
Докажаните способности и искуства во многу полиња кои ги стекнавме сите овие години, продолжуваме максимално да ги користиме за да оствариме врвен квалитет, со кој ќе бидат задоволни нашите клиенти и со кои ќе продолжиме да градиме цврсти врски со нив. Репутација што до сега ја стекна ДГ НОВОГРАДБА ни овозможува да имаме клиенти, вработени, партнери, добавувачи, инвеститори... кои ни веруваат и заради тоа сакаат да соработуваат со нас.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Босна и Херцеговина бр. 5,
П Фах 1085, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Сашо Глигоров
Мапа
Документи

