Filters
Пребарување
МИЛОШЕВСКИ ХЕМ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МИЛОШЕВСКИ ХЕМ се занимава со трговија на големо со хемикалии, опрема, консалтинг и инженеринг во доменот на професионална хигиена

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ дооел

Подетално за компанијата

Брендови

Подетално за компанијата

 
Хемиска индустрија

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ

 

Компанијата МИЛОШЕВСКИ ХЕМ дооел од Скопје е основана во 2003 година. Основна дејност на претпријатието е трговија на големо со хемикалии, опрема, консалтинг и инженеринг во сите области од прехранбената индустрија, индустријата за пијалаци и професионалната хигиена.

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ е генерален увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за професионални средства за чистење и дезинфекција од познатата германско-австриска компанија Werner&Mertz professional, која поседува ISO 9001, ISO 14001, како и EMAS сертификат за заштита на животната средина. Средствата се концентрати со највисок квалитет.

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ, исто така, е увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за професионален алат и четки за чистење во сите области на прехранбената индустрија од познатата германска компанија HAUG BURSTEN, како и дистрибутер на реномираната италијанска компанија ВЕМА за уреди за пенење што се употребуваат во прехранбената индустрија и во индустријата за производство на пијалаци.

ексклузивен увозник и дистрибутер

Во 2009 година МИЛОШЕВСКИ ХЕМ стана ексклузивен увозник и дистрибутер на реномираната германска компанија TENSID CHEMIE GmbH, специјализирана за производство на средства за чистење и дезинфекција, како и за средства за подмачкување транспортни траки во индустријата за пијалаци, влучувајќи ги индустриите за млеко и млечни производи, винарската индустрија, пиварската индустрија, индустријата за сокови и минерална вода, како и за алкохолни пијалаци. МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ, од 2014 е увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за професионален машини од програмата на NILFISK (сива линија) за чистење и одржување на хигиената, во хотели, индустријата, болниците, маркетите, трговски центри, плоштади, улици... За средствата кои ги дистрибуира на македонскиот пазар, МИЛОШЕВСКИ ХЕМ поседува соодветни сертификати за квалитет и здравствена исправност, како и решенија за пуштање во промет од овластените македонски институции.

miloshevski-hem-clubeconomy
miloshevski-hem-clubeconomy

ИСКУСТВО И КВАЛИТЕТ

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ, од страна на добавувачите WERNER&MERTZ и TENSID CHEMIE, редовно се едуцира и се информира за тековните достигнувања во врвната хигиена, како и за примена на нови средства и опрема.

По повеќегодишното искуство, високиот квалитет на производите, како и беспрекорната техничката поддршка, МИЛОШЕВСКИ ХЕМ стана лидер на македонскиот пазар во сите области на апликативната хигиена.

miloshevski-hem-clubeconomy
miloshevski-hem-clubeconomy

УСЛУГИ

• Изработка на планови за чистење и дезинфекција

• Обука на луѓето за употреба на средствата и опремата

• Техничка поддршка

• Консалтинг при изборот на средствата и опремата за исполнување на највисоките стандарди за хигиена

• Консултации, апликативна технологија, оптимизација на процесот, како и софистицирани решенија за дозирање и контролна технологија

• Обука и тренинг од доставувачите на опрема на самото место

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Орце Николов бр. 206, 1/1/1-8, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/2618 651

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа