Filters
Пребарување
МЕР-КОМ МЕБЕЛ / БУРИМ ДИЗАЈН

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МЕР-КОМ МЕБЕЛ се занимава со производство на мебел
- Кујни
- Мебел за дневни соби
- Мебел за детски соби
- Мебел за деловни објекти
- Производство на врати од масивно дрво
- Изведување на дрвени скали

 

МЕР-КОМ МЕБЕЛ / БУРИМ ДИЗАЈН

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
Нашата мисија и цел се задоволни потрошувачи

МЕР-КОМ МЕБЕЛ / БУРИМ ДИЗАЈН

 

Компанијата БУРИМ ДИЗАЈН, која сега е ребрендирана во МЕР-КОМ МЕБЕЛ, е претпријатие во приватна сопственост кое на македонскиот пазар опстојува цели 21 година. Своите почетоци ги бележи уште од 1995-та, како семејна фирма и до денес успешно опстојува задоволувајќи ги и најпребирливите вкусови и најкомплицираните идеи за ентериерно уредување.

Главната дејност на МЕР-КОМ МЕБЕЛ е проектирање и производство на мебел по нарачка (дневни соби, детски соби, спални, кујни, елементи за ходници, плакари, мебел за деловни објекти) и производство на врати од масивно дрво. При изработката на сите наши производи употребуваме исклучиво висококвалитетни материјали: оплеменета и фурнирана иверица, медијапан и повеќе видови дрво, во зависност од желбите и потребите на клиентите.

За МЕР-КОМ МЕБЕЛ квалитетот и задоволството на купувачите се секогаш на прво место. Тука, пред се, мислиме на квалитетот при изработката на сите производи, на високиот квалитет на нивната монтажа, како и на квалитетот на сите дополнителни услуги што ги дава компанијата. Тимот на МЕР-КОМ МЕБЕЛ е во постојан чекор со светските трендови, како во изборот на суровините и технологиите што ги употребуваме, така и во доменот на дизајнот кој им го сугерираме на клиентите.

МЕР-КОМ МЕБЕЛ располага со современ машински парк за производството на мебел и градежна столарија од масивно дрво, кој постојано го надополнуваме во зависност развојот на новите технологии. Работиме со полн капацитет и во секое време сме подготвени да одговориме на потребите на клиентите.

Контакт информации

Адреса

Улица: 1258 Центар Жупа, Дебар
Град: Дебар
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/737 972

Социјални медиуми

Лице за контакт

Фето Бурим


Мапа

Документи