Filters
Пребарување
МАКБАТ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МАКБАТ е главен увозник и дистрибутер за Македонија на светски познатиот бренд АКУМУЛАТОРИ за возила и камиони DURACELL AUTOMOTIVE

Исто така, МАКБАТ е и генерален застапник за целата програма на акумулатори и батерии MONBAT

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2000
ISO 14001 : 2004
OHSAS 18001 : 2007

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Компаниите од автомобилската индустрија, сервиси за автомобили и камиони, големи коорпорации со возен парк...

Подетално за компанијата

МАКБАТ

МАКБАТ е една од компаниите во Македонија која на своите потрошувачи им нуди исклучиво светски квалитет за производите што ги продава.

Почетоците на МАКБАТ се уште во далечната 1968 година, кога започнува да работи како мала работилница за поправка на автомобилски акумулатори. Во раните осумдесетти МАКБАТ станува генерален увозник на акумулаторски батерии во Македонија. Денес компанијата располага со повеќе брендови за кои е есклузивен застапник.

Види повеќе
makbat-clubeconomy

СОРАБОТКА

МАКБАТ денес соработува со повеќе од 200 компании, како и 26 сервисни станици во Македонија кои се грижат за потребите на своите потрошувачи.

ЗАДОВОЛСТВОТО ДА ИМАМЕ ЗАДОВОЛНИ КОРИСНИЦИ е мотото на МАКБАТ и искрено се радуваме на нашата понатамошна соработка.

Во 2016 година МАКБАТ ја збогати палетата на производи со светски познатиот бренд за акумулатори DURACELL AUTOMOTIVE, кој прв пат доаѓа во Македонија.

makbat-clubeconomy

ДОЛГ ЖИВОТ, МОЌ, ИНОВАЦИЈА

DURACELL AUTOMOTIVE акумулаторите претставуваат новата сила на улиците во Европа. Името Duracell е синоним за максимална издржливост и живот, максимална моќност во екстремни ситуации и континуиран развој. Современите возила денес имаат големи барања од стартер батериите, затоа Duracell батериите се конструирани за да обезбедат максимални перформанси и сигурен почеток секој ден и во сите услови.

makbat-clubeconomy

РОЗЕВ ПРОИЗВОДОТ КОЈ ИМА ИСТОРИЈА

Duracell со децении го снабдува целиот свет со енергија во форма на батерии. Во срцето на овие активности стоеше и се уште стои зајакот Duracell. Ова му дава на брендот привлечна нота која секојдневно демонстрира дека Duracell батериите обезбедуваат голема долговечност.
Розевиот зајак како симбол на брендот го имаше своето деби во 1973 година. Благодарение на батериите Duracell, зајакот успеа да победи на секој натпревар и продолжи да го прави тоа, покажувајќи дека батериите Duracell траат многу подолго од стандардните. Денес, Duracell е еден од најпознатите брендови на светот.

makbat-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Борис Трајковски бр. 84б, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа