Подетално за компанијата
КМ Медикал
Веледрогеријата КМ - Марјан дооел / КМ Медикал Скопје е основана во 1993 година и е една од првите веледрогерии која се занимава со ПРОДАЖБА и СЕРВИС на медицинска опрема. За сите овие години откако постоиме, клиентите секогаш претставуваат приоритет во нашето работење. Нашето мото е: Минатото за традиција - квалитет за иднина!

ПРОИЗВОДИ
Нашата палета на производи вклучува голем избор на мерачи на крвен притисок, мерачи на шеќер во крв, инхалатори, прочистувачи (јонизатори) и овлажнувачи (освежувачи) на воздух, стетоскопи, инфра–црвени солукс лампи, дигитални топломери и многу други производи за професионална употреба во болници и амбуланти, како и за употреба во домашни услови.

СОРАБОТКА
Традиционално соработуваме со повеќе светски реномирани фабрики за производство на медицинска опрема и секогаш се обидуваме да го направиме достапно во Македонија она што е најактуелно и најбарано на светскиот пазар. Веледрогеријата КМ - Марјан дооел / КМ Медикал е ексклузивен овластен увозник и дистрибутер за компаниите: BOKANG, Elettroplastica, Tianjin, Empecs Medical, ibp, Welch Allyn (Spiedel Keller), efbe – schott, Genexel Medical, ETV (AEG), Grunluft, Jumper, Greatcare, PARI, Kare Medical, Spectra, Xannox и други.
Би сакале од се срце да им се заблагодариме на верните потрошувачи и лојани партнери за нашата досегашна соработка, со надеж дека таквиот партнерски и пријателски однос ќе продолжи и во иднина.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Мајка Тереза (Водњанска) бр. 60, 1000 Скопје
Ул. Димитрија Чуповски бр. 23, Скопје - Сервис
Град: Скопје
Држава: Македонија