Filters
Пребарување
КЛИМА-КОМЕРЦ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата КЛИМА-КОМЕРЦ се занимава со увоз, продажба на големо и мало, монтажа и сервисирање на опрема за греење, климатизација и вентилација

Комплетна инженеринг услуга, од проектирање, набавка, монтажа и сервис

Застапници на целата програма на опрема за вентилација од словенечката фирма КЛИМА - Цеље

Подетално за компанијата

КЛИМА-КОМЕРЦ

Компанијата КЛИМА-КОМЕРЦ се занимава со увоз–извоз, трговија, продажба на големо и мало, сервисирање и монтажа на опрема за греење, климатизација и вентилација, чии производители ги застапуваме на македонскиот пазар.

Вршиме монтажа и сервис на опремата која се вградува во мали и големи објекти, како:

  • • Производствени хали

  • • Индивидуални објекти

  • • Станови

КЛИМА-КОМЕРЦ на своите клиенти им нуди комплетна инженеринг услуга, од проектирање, до набавка, монтажа и сервисирање на системите за греење, климатизација и вентилација.

klima-komerc-clubeconomy

КАНАЛСКА ВЕНТИЛАЦИЈА

Застапници сме на словенечката фирма КЛИМА - Цеље и тоа на програмата за вентилација, што значи дека ги увезуваме сите видови вентилатори - коаксијални, центрифугални, кровни, во „Ex“ изведба, топловодни калорифери и каналски вентилатори.

Изведуваме комплетна каналска вентилација на објекти, кафеани, кујни, кафулиња и производни хали. Воедно, КЛИМА-КОМЕРЦ ги изведува и сите видови на топловодно греење, како и гасно греење со плински греалки погодни за отворени тераси.

klima-komerc-clubeconomy

СОПСТВЕН СЕРВИС

Изведуваме и комплетна климатизација на мали и големи објекти, со монтирање на разни видови клима уреди, како: каналски, сплит–системи, VRV – системи, касетни системи, топлински пумпи...

Компанијата располага со сопствен сервис за сервисирање на опремата што ја увезуваме и продаваме, како и на сите проекти што сме ги изведувале, а има и посебна севис служба за нивно одржување.

klima-komerc-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Иво Лола Рибар бр.72, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа