Filters
Пребарување
ИМПЕКСЕЛ 2

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Градежништво, нискоградба и високоградба

Станбен комплекс ДОМИНО - Ексклузивен станбен комплекс во најубавата скопска населба Тафталиџе

Подетално за компанијата

 
ИМПЕКСЕЛ 2

ДОМИНО

 

Новиот проект ИМПЕКСЕЛ 2 - ДОМИНО е лоциран во Скопје на булеварот Митрополит Теодосиј Глоганов. ДОМИНО е станбен комплекс развиен во две ламели, кој ќе понуди висококвалитетно домување. ДОМИНО е конципиран да биде своевидна мирна оаза среде урбаното секојдневие, така што поседува сопствен голем двор, она што во современите градби во Скопје многу малку го има. Естетиката и функционалноста на просторот се проектирани по највисоките светски стандарди. При изградбата на ДОМИНО се употребуваат најсовремени материјали за градба, со висок и проверен квалитет, при што посебно се внимава на енергетската ефикасност на комплексот. За најмладите, во централниот простор е предвидено детско игралиште, изолирано од сообраќајниот метеж и градската врева.

Проектирањето на квадратурата на станбените единици е со согласност со трендовите во последниве неколку години во Скопје. Така што, на пример, двособните станови се движат од 39 м2, 44 м2, 48 м2, па до 56 м2, а предвидени се и двоетажни двособни станови, од по 70 м2. Трособните станови се со површина од 67 м2, 70 м2 и 92 м2, додека двоетажните трособни станови се со 85 м2. Четирисобните станови се со површина од 105 м2, до 150 м2, а двоетажни четирисобни станови се со површина од 122 м2 и 150 м2.Ексклузивноста на проектот ДОМИНО, по што тој се разликува од останатите на пазарот на недвижнини, му ја даваат двата пентхаус апартмани, по еден во секоја ламела. Пантхаусите ќе бидат со по 700 м2 површина, со сопствен базен, двор и лифт, како и со сопствен систем за ладење и греење. Деловниот дел од комплексот ќе биде распореден на вкупна површина од околу 2.000 м2, со дополнителни 1.300 м2 подземни простории.

Каталог на Станови
impeksel2-clubeconomy

ОСНОВАНА 1994 ГОДИНА

ИМПЕКСЕЛ 2 е компанија која е основана 1994 година од г-дин Неим Хусеини, под чие водство се промовира во една од водечките градежни компании во Македонија. На почетокот главната дејност на ИМПЕКСЕЛ 2 беше производство на готов бетон и изведба на помали објекти, но со развивањето таа почна да се занимава и со проектирање, надзор и изведба на големи објекти и комплекси.

impeksel2-clubeconomy

Grand Prestige

Најголема инвестиција на ИМПЕКСЕЛ 2 до сега беше ексклузивниот станбен комплекс Grand Prestige кој е изграден на локацијата која и припаѓаше на механизацијата на „Гранит“, веднаш до поранешната фабрика „Алумина“.

impeksel2-clubeconomy

ПРОИЗВОДСТВО НА БЕТОН

ИМПЕКСЕЛ 2 е прва приватна фирма во Македонија која произведува бетон. Компанијата денес располага со три сопствени бетонски бази, лоцирани во Гостивар (капацитет 60 метри кубни на час), во Тетово (капацитет 150 метри кубни на час) и во Скопје (капацитет 150 метри кубни на час). Произведениот бетон е со висок квалитет, докажан со соодветни сертификати, а сите материјали што се употребуваат се атестирани од страна на овластени институции.

КВАЛИТЕТОТ Е НАШЕТО МОТО ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ДЕЦЕНИИ – ИМПЕКСЕЛ 2

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Огњан Прица бр.1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи