Подетално за компанијата
Друштвото за технички испитувања, сертификација и технички прегледи ИНДУСТРИСКИ ИНСПЕКЦИСКИ СЕРВИСИ се занимава со вршење инспекциски надзор според единствени организациски правила, процедури и методи и во усогласеност со важечките законски и подзаконски акти, домашни и меѓународни стандарди, како и барањата на MKS EN ISO/IEC 17020:2012 и потребите на корисниците.


ОБЛАСТ НА ИНСПЕКЦИЈА
- Електроенергетски постројки
- Катодна заштита
- Квалитет на електрична енергија
- Нисконапонски електрични инсталации
- Atex
Акредитираното инспекциско тело ИНДУСТРИСКИ ИНСПЕКЦИСКИ СЕРВИСИ дооел Скопје е основано во септември 2021 година. Составено е од креативен и енергично мотивиран тим од електро и инженери за механика кои на корисниците им нудат висококвалитетни и сигурни технички тестови и анализи на енергетската опрема.
Нашиот тим е составен од персонал со долгогодишно искуство во електро енергетската индустрија – производство, транспорт и дистрибуција на електрична енергија. Исто така, персоналот на нашиот тим има и долгогодишно искуство во сервисирање и одржување на опрема за производство, транспорт и дистрибуција на електрична енергија.
Незаменливото искуство на постарите колеги во тимот и амбицијата на помладиот дел од тимот е нашата формула за успех и одржување на висококвалитетни и сигурни технички прегледи и анализи на енергетската опрема. Дел од тимот се и колеги кои имаат долгогодишно искуство во инспекциски тела и се познати испитувачи со долгогодишно искуство во областа на техничките тестови и анализи на енергетската опрема и релејната заштита.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Мара Междуречка бр. 37А, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт