Filters
Пребарување
ИГО-ПЕР 2007

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ИГО-ПЕР 2007 се занимава со производство и монтажа на алуминиумска и ПВЦ градежна столарија и нејзино застаклување

- Врати
- Прозорци
- Комарници
- Ролетни

Подетално за компанијата

ИГО-ПЕР 2007 дооел од Прилеп е компанија која се занимава со производство и монтажа на алуминиумска и ПВЦ градежна столарија и нејзино застаклување. Произведуваме алуминиумски и ПВЦ врати и прозорци во најразлични димензии, според барањата и потребите на инвеститорот, како и ролетни и комарници за нив.

igo-per-2007-clubeconomy
igo-per-2007-clubeconomy

ПВЦ вратите и прозорците ги изработуваме од профили од германската компанија KÖMMERLING, кој е еден од најпознатите светски брендови во оваа индустрија и е промотор на иновациите во ПВЦ градежната столарија. На македонскиот пазар настапуваме со KÖMMERLING 76 MD профилот од кој изработуваме прозорци со идеална комбинација на модерен дизајн и совршени пропорции. Овој профил нуди систем со три заптивки и шест комори и дебелина од 76 мм. Иновативниот дизајн овозможува инсталација на тројно или специјално функционално застаклување дебело до 50 мм. Прозорците и вратите од ИГО-ПЕР 2007 ги исполнуваат и најстрогите барања од аспект на функционалнос, статика, високата вредност на термичка изолација, заштита на животната средина, одржување. Идеални се за нови објекти и за реновирање на стари.

За производство на алуминиумските врати и прозорци користиме профили од грчката компанија ALUMIL, додека како оков ги употребуваме производите од германскиот производител SIGENIA.

Почетоците на ИГО-ПЕР 2007 датираат од далечната 1996 година. За сите овие години успеавме да изградиме квалитетен тим кој дел од искуството го стекнуваше и во странство, работејќи на објекти во Германија, Швајцарија, Грција и Италиа.

igo-per-2007-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица:
Изложбен салон
Ул. Мице Козар бр. 17, 7500 Прилеп
Работилница
Ул. Александар Македонски бб, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Игор Трајковски


Мапа