Filters
Пребарување
ХОТЕЛ МАНАСТИР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Хотелскиот комплекс МАНАСТИР во Берово, сместен веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил, располага со три хотелски крила, етно ресторан со мени богато со локални специјалитети, две летни тераси, „чардак“, СПА содржини, сала за семинари, терен за тенис, мултифункционален терен за кошарка, фудбал и одбојка, детско игралиште, надгледуван паркинг...

Ве очекаме со: малешевска тава, горски компир, беровско сирење, буламач, качамак со домашно масло и ребра, домашно лепче, попарник, бабина торта, слатко од шумски јагоди…

Подетално за компанијата

Хотел МАНАСТИР

Хотелскиот комплекс МАНАСТИР е сместен сред божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура. Успеваме да постигнеме беспрекорна хармонија меѓу вековното и новосоздаденото со што создаваме целина во која ќе можете да се релаксирате и уживате во незаборавните вкусови на гастрономските специјалитети и автентичната етно атмосфера.

hotel-manastir-clubeconomy
hotel-manastir-clubeconomy

Капацитет

Хотелскиот комплекс МАНАСТИР располага со три хотелски крила, СПА содржини, сала за семинари, две летни тераси, „чардак“, терен за тенис, мултифункционален терен за кошарка, фудбал и одбојка, детско игралиште и надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици, но исто така и за поклониците на ловот и риболовот. И кајакарите на мирни води токму овде ќе го пронајдат она по што трагале.

Понуда

Берово и Малешевијата се мала територија, но во нив постои уникатна комбинација од изнвонредно сочувана природа, културно-историско наследство, етнографија, традиционална музика и ракотворби, сите овие елементи МАНСТИР многу вешто ги спакува и вклучи во својата понуда. Она што ние им го нудиме на нашите гости е сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, излет со скара покрај езеро, оброк на бачило со три-вековна традиција… Авантури - планинарење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, кајакарење на мирни води. Тематски туризам - прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.

hotel-manastir-clubeconomy
hotel-manastir-clubeconomy

Ресторан

Ресторанот чиј ентериер се одликува со елементи на етно-куќа и ресторанската тераса која е во рустичен стил, ги опслужува национална кујна, мени богато со локални специјалитети, богатство на избор на еко-производи и производи од органско потекло, кои се привилегија карактеристична за беровскиот регион. Малешевската тава, горскиот компир, беровското сирење, буламачот, качамакот со домашно масло и ребра, домашното лепче, попарникот, бабината торта, слаткото од шумски јагоди…, ќе ги разгалат вашите сетила и ќе ве изненадат со вкус кој никогаш не се заборава.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Кирил и Методиј бр.6, 2330 Берово
Град: Берово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Ирена, Виктор


Мапа