Filters
Пребарување
ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ се занимава со продажба на:

- Средства за заштита на растенијата
- Ѓубрива и биостимулатори
- Средства за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Застапници и дистрибутери сме на најреномираните светски брендови: BASF, Corteva, Arysta LifeScience, Spiess Urania, Belchim Crop Protection, Galenika-Fitofarmacija, Probelte, Stockton Group. Lida Plant Research, FitoFert, Agrounik, Ekoplant, Miller Chemicals & Fertilizers, Ekosan

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Земјоделски аптеки, агро комбинати, фарми...

ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ

Компанијата ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ дооел, со седиште во село Долно Караслари - Велес, веќе 17 години е присутна на македонскиот пазар со средства за заштита и прихрана на растенија, претставувајќи еден од најзначајните субјекти во овој сегмент. Денес ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ има воспоставено соработка со најпознатите светски компании за производство на средства за заштита и прихрана на растенијата, а со повеќето од нив имаме имплементирано застапнички однос за овие простори.

] hemomak-pesticidi-clubeconomy
hemomak-pesticidi-clubeconomy

квалитет

Најдобар доказ дека станува збор за сериозна компанија, која првенствено се грижи за квалитетот на производите што им ги нудиме на македонските земјоделци, но и за заштитата на природата, вработените и крајните корисници на земјоделските производи е нашиот пристап во работењето во оваа чувствителна гранка, во која демнат многу предизвици и опасности за целата заедница. Од тие причини при набавката на препаратите работиме исклучиво со проверени и светски докажани компании, на кои почитувањето и запазувањето на најстрогите стандарди кои важат во агрохемијата им е побитно од профитот. За да бидеме сериозно сфатени и третирани како партнер кој заслужува максимална доверба, моравме да изградиме супер модерен магацин за складирање на овие високоризични производи и административно-деловен објект во Индустриската зона Караслари. Неговата големина од 10.656 м², ни дава можност да обезбедиме максимална безбедност за сите вработени во ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ, како и за клиентите кои секојдневно доаѓаат во нашата компанија.

ПОНУДА

ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ има организирано современа дистрибутивна мрежа за целата територија на Македонија, со што ја реализираме нашата интенција да им се доближиме на коминтентите, па и на најмалите земјоделски производители. Втората интенција е на сите нив да им понудиме што е можно поширока палета производи, да ги следиме сите новитети на светскиот пазар и да организираме соодветни едукативни активности. Заедно со претставници од фирмите што ги застапуваме организираме најразлични контакти со земјоделците за да им ги дадеме сите информации за новите производи кои обезбедуваат поеколошко и поквалитетно производство.

hemomak-pesticidi-clubeconomy
hemomak-pesticidi-clubeconomy

брендови

ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ е застапник и дистрибутер на најреномираните светски брендови, како: BASF, Corteva, Arysta LifeScience, Spiess Urania, Belchim Crop Protection, Galenika-Fitofarmacija, Probelte, Stockton Group. Lida Plant Research, FitoFert, Agrounik, Ekoplant, Miller Chemicals & Fertilizers, Ekosan...

стандарди

Сите средства за заштита на растенија кои ги увезуваме се наоѓаат на Annex I листата на дозволени активни материи во Европската унија, според ЕУ директивата 91/414 и со самото тоа ги исполнуваат највисоките европски еко-токсиколошки стандарди. Исто така, ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ е во чекор со стандардите од ЕPA, за интегрално и органско производство, овозможувајќи им на верните потрошувачи: производи без остатоци во почвата, без каренца, ефикасна алатка за спречување на резистентност и безопасни за корисните инсекти.

hemomak-pesticidi-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Вардарска бр. 5, село Долно Караслари, 1400 Велес
Град: Велес
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)43/212 552

+389 (0)43/243 210

ПО РЕГИОНИ:

Источен регион и Велес: Благојче 070/273 413 и

Благој 070/280 737

Повардарие: Ристе 070/349 430 и Игор 070/367 237

Преспански: Деајан 072/245 489 и Ефтим 072/245 481

Битолско-Прилепски: Ѓорги 072/306 012

Западен регион: Зоран 070/387 501

Скопско-Кумановски: Александар 070/387 553

Агро фирми / комбинати / оранжерии: Васко 072/273 228 и

Марјан 072/245 483

Социјални медиуми

Лице за контакт




Документи