Filters
Пребарување
ХАУСПЛАСТ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ХАУСПЛАСТ се занимава со:

- Производство на ПВЦ ролетни и сите елемнти за ролетни, монтажа
- Производство на ПВЦ ламперија, лајсни
- Производство на ПВЦ гранулат
- Производство на ПВЦ столарија од програмата на италијанскиот бренд ALPHACAN

ХАУСПЛАСТ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ХАУСПЛАСТ

Компанијата ХАУСПЛАСТ ДООЕЛ е основана во 2007 година и е фирма со 100 проценти приватен капитал. На почетокот фирмата беше исклучиво ангажирана на производство, екструдирање на ПВЦ ламперија и лајсни. Со освојување на значителен процент од пазарот започнавме со производство на ПВЦ ролетни, како и на сите останати пропратни елементи за ролетна. На крајот од 2009 година почнавме со производство на ПВЦ гранулат, со што го заокруживме процесот и станавме водечка фирма во оваа бранша во Македонија.

Паралелно со зголемувањето и проширувањето на нашиот асортиман работевме и на добивање сертификат за квалитет, така што во 2011 година се здобивме со сертификат за квалитет за нашиот ПВЦ гранулат, кој беше издаден од лабораторијата на МАК КОНТРОЛ во Скопје.

Следејќи ги потребите и барањата на пазарот во 2013 година ХАУСПЛАСТ купи локација во Демир Капија, во Индустриската зона Попова Кула, со површина од 4.000 м² и изработивме проект за изградба на управна зграда со две хали, од по 800 м² .

hausplast-clubeconomy

СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО

• ПВЦ Гранулат

• Два типа ПВЦ Ламперија (ламперија со фуга и ламперија без фуга која е во согласностсо HACCP системот)

Производство на пропратни елементи на ламперијата - три вида на лајсни (аголна, завршна и украсна завршна лајсна)

• ПВЦ Ролетна

Производство на пропратни елементи за ролетни - три вида кутии (во форма на коцка, во форма на полукруг и внатрешна кутија со димензии 20х20 см).

Два вида на ПВЦ водилки (за надворешни и за внатрешни ролетни).
Два вида на ПВЦ осовини (модел во форма на круг и осмоаголен модел)

hausplast-clubeconomy
hausplast-clubeconomy

СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕМЕНТИ ЗА РОЛЕТНИ

- Три вида конзоли (кутија во форма на коцка, во форма на полукруг и внатрешна кутија со димензии 20х20 см)

- Макари и пиксна за двата вида осовини

- Уводници

- Одбојници

- ПВЦ Корнизи

- Солбанк профил

Во одделот за трговија имаме алуминиумски профили за сите видови комарници (можна порачка на склопени комарници по димензија), машински лагер за конзоли, два вида автомати за ролетна (со гуртна и со врвка), четка за водилки, алуминиумски завршен тег за ролетни.

Имаме заокружен процес на изработка на ПВЦ прозорци од програмата на италијанскиот бренд ALPHACAN. Работиме со порачки.

Денес голем дел од зацртаниот план на ХАУСПЛАСТ е реализиран и очекуваме целата инвестиција вредна 500.000 евра да ја завршиме до крајот на 2022 година. Планираме да вработиме 60 луѓе, пред се, млад и иновативен кадар, кои ќе бидат обучувани од постоечкиот тим за професионално работење во делот на технологијата на полимери, гранулација, екструдирање, производство на ПВЦ ролетни и рециклажа на ПВЦ остатоци.

hausplast-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Индустриска бб, 1440 Неготино
Град: Неготино
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)43/371 590

+389 (0)71/288 200 - Зоран

+389 (0)78/340 114 - Ангел

Социјални медиуми

Лице за контакт




Документи