Filters
Пребарување
ФРАГМАТ МАК

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ФРАГМАТ МАК - Фабрика за производство на стиропор и елементи од стиропор:

- Градежни плочи од стиропор
- Плочи од стиропор за подно греење
- Декоративни фасадни профили
- Олеснети меѓукатни конструкции
- Саксии од стиропор
- Панели за монтажни куќи со стиропорна исполна

Подетално за компанијата

ФРАГМАТ-МАК

ФРАГМАТ-МАК е мешовита словенечко-македонска компанија која се занимава со производство на EPS (експандиран полистирен)- стиропор. Фирмата е регистрирана на крајот од 2003 година, а со производство започна во март 2004-та, со 12 вработени, чиј број денес се зголеми на 22 работници.ФРАГМАТ-МАК е дел од групацијата ФРАГМАТ, во чиј состав се наоѓаат и ФРАГМАТ-ТИМ, ФРАГМАТ-ИЗОЛИРКА и ДЕМИТ од Словенија, потоа FRAGMAT-HR - Загреб и Сплит, Хрватска, ФРАГМАТ-ИЗОЛИРКА – Грачаница, Босна и Херцеговина и ТИМ-ИЗОЛИРКА Шид, Србија, ФРАГМАТ-CG; Даниловград Црна Гора, што значи дека групацијата ФРАГМАТ покрива голем дел од пазарот во Југоисточна Европа.

Види повеќе
fragmat-mak-clubeconomy

ПРОДАЖБА

Компанијата ФРАГМАТ-МАК се наоѓа на многу убава локација на самиот магистрален пат Куманово – Софија ( Р. Бугарија ), што и овозможува покривање на пазарите во Македонија, Бугарија, Србија и Косово. Станува збор за нова фабрика со површина од 3500 М2, изградена на локација од 5500 М2.

ФРАГМАТ-МАК со своите производи покрива голем дел од пазарот во Македонија, а околу 28 проценти од вкупната продажба е пласирана на пазарите во Бугарија, Косово, Албанија, Србија.

fragmat-mak-clubeconomy

ИЗВЕДБА НА ФАСАДИ

Освен со производство на EPS - ФРАГМАТ-МАК се занимава и со продажба на сите материјали за изведба на фасади: лепила за EPS , стаклена мрежа, пластични ќош лајсни, како и материјали за завршна обработка - минерални, акрилни и силикатни фасади како и производи кои се произведуваат во другите фабрики од групацијата нa “ FRAGMAT”- XPS; БИТУМЕНСКА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА; КОМБИ ПЛОЧИ и друго.

fragmat-mak-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ

Во текот на своето работење фабриката воведе во производството и нови артикли, ГРАФИТЕН СТИРОПОР со подобрени изолативни својства и ЕЛАСТИФИЦИРАН СТИРОПОР; УКРАСНИ ФАСАДНИ ПРОФИЛИ и СТОЛБОВИ, потоа повеќе иновации во градежништвото – ОЛЕСНЕТИ МЕЃУКАТНИ КОНСТРУКЦИИ (систем ФРАГМАТ МК1 и МК2), НАДВОРЕШНИ ФАСАДНИ ЅИДОВИ ОД СТИРОПОР ( систем ФРАГМАТ НЗ1) за кои е добиена “исправа за патент” од Државен завод за индустриска сопственост. Овие производи наоѓаат се поголема примена при изградбата на градежни објекти, како во Македонија, така и во Бугарија и Србија.

fragmat-mak-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Населба Карпош бб, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи