Filters
Пребарување
ФЛОРАГАРДЕН

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Во Гарден центар ФЛОРАГАРДЕН можете да најдете се за хортикултурата во вашиот дом, градина, тераса, тревник, алпинетум, фонтана, бродура, цветна алеа… Место каде ќе ги најдете најубавите, најразличните и со највисок квалитет цвеќиња, трајници(перени), ползавци, дрвја и грмушки, разни мешавини од тревно семе и други градинарски производи.

Гарден центар ФЛОРАГАРДЕН е тука да ви помогнеме да бидете успешни во градинарството, хортикултурата, но и во одржувањето на здравјето на вашите растенија.

Подетално за компанијата

Гарден центар ФЛОРАГАРДЕН

Во Гарден центар ФЛОРАГАРДЕН можете да најдете се за хортикултурата во вашиот дом, градина, тераса, тревник, алпинетум, фонтана, бродура, цветна алеа… Ние сме место каде ќе ги најдете најубавите, најразличните и со највисок квалитет цвеќиња, трајници (перени), ползавци, дрвја и грмушки, разни мешавини од тревно семе и други градинарски производи. Гарден центар ФЛОРАГАРДЕН е тука да ви помогнеме да бидете успешни во градинарството, хортикултурата, но и во одржувањето на здравјето на вашите растенија.

ФЛОРАГАРДЕН дооел е основано во Струмица во 1996 година и во текот на своето 25 годишно постоење се занимава со хортикултура и производство на трајници (перени), грмушки, ползавци, листопадни и зимзелени дрвја кои се користат во хортикултурата.

floragarden-clubeconomy
floragarden-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Знаењето кое го акумулиривме од праксата во текот на овие 25 години е гаранција дека кај нас ќе ја добиете најдобрата услуга, дека ќе успееме да ги реализираме сите ваши желби и барања и тоа на најквалитетен и најекстравагантен начин. Знаењето за третирањето на украсните растенија во сите сегменти од нивниот раст и развој, е темелот на ФЛОРАГАРДЕН, што во текот на изминатите децении и овозможи да израсне во еден од најголемите расадници во Македонија.

floragarden-clubeconomy
floragarden-clubeconomy

ПРОИЗВОДНИ ПОВРШИНИ

ФЛОРАГАРДЕН располага со производни површини од 2.500 м² во Градско Балдовци, каде имаме контејнерско производство на конифери и млади растенија и 13.000 м² во областа на Босилово, каде на отворено на класичен начин произведуваме поголем дел од садниот материјал. Во ФЛОРАГАРДЕН секоја година имаме сопствен увоз од Европа на појдовен материјал од млади растенија за своето производство, но и на возрасни растенија од Холандија и Грција. ФЛОРАГАРДЕН соработува и продава растенија на повеќе фирми во Македонија што вршат хортикултурно уредувње, но имаме и сопствен Гарден центар со површина од 2.500 м²

Системи за наводнување

Инсталирањето професионални системи за наводнување е најдобро за вашиот тревник. Дизните од прскалки вршат рамномерно дистрибуирање на водата низ тревникот во ноќта и го задржуваат здрав и зелен во текот на годината..

floragarden-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Климент Охридски бб, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа