Filters
Пребарување
ФАЛКОН ТД дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ФАЛКОН се занимава со продажба на производи и материјали за унапредување на земјоделско производство

- Ѓубрива
- Заштитни средства
- Полиетиленско платно
- Тресет

ФАЛКОН ТД дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ФАЛКОН ТД дооел

Компанијата ФАЛКОН ТД дооел започна со работа во декември 1991 година во доменот трговија, пред се, ориентирана кон продажба на производи и материјали потребни за земјоделско производство. Во март 1993 година ја започнавме соработката со Plastika Kritis кој произведува многу квалитетно полиетиленско платно. Платното е со долг рок на траење и гаранција за квалитет, има висок пренос на светлина, како и огромен број други ефекти (термички ефект, анти роса ефект...), што е предуслов за високи приноси и висок квалитет во земјоделското производство во пластеници. Во нашата понуда достапни се сите широчини, должини и дебелина на полиетиленското платно до 180 микрони.

td-falcon-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ

ФАЛКОН ТД е специјализирана компанија за трговијата со производи за потребите на земјоделците, и речиси 30 години работиме да им помогнеме на земјоделските производители и да го унапредиме нивното производство, пред се во зголемување на приносите и квалитетот на родот. На македонскиот пазар пласираме најразлични видови ѓубрива, средства за заштита на растенијата од штетници и болести, полиетиленско платно, тресет, биостимулатори и средства за прихранување во сите фази на вегетацијата.

td-falcon-clubeconomy
td-falcon-clubeconomy

ЗЕМЈОДЕЛСКИ АПТЕКИ

Со отворањето на земјоделските аптеки во Струмица, Василево и Куклиш уште повеќе се доближивме до непосредниот земјоделски производител. Додека преку магацинот за продажба на големо во Куклиш и сопствениот возен парк вршиме дистрибуција на производите од фирмите кои ги застапуваме на целиот македонски пазар.

БРЕНДОВИ

Денес ФАЛКОН ТД на македонскиот пазар ги застапува производите на компаниите: Plastika Kritis, Palaplast, течните ѓубрива на Arvensis од Шпанија, најефикасните ѓубрива од Timac Agro и SQM од Белгија, тресет од Terracult од Германија, како и производи од други реномирани компании од земјата и странство.

td-falcon-clubeconomy
Бидете чекор пред другите, произведувајте сигурно и квалитетно со FALCON
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Куклиш бб, 2410 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи