
Подетално за компанијата
ЕКОПОР
ЕКОПОР е фабрика за производство на стиропор, сместена во Индустриската зона Пинтија во Скопје. Фабриката е специјализирана за производство на стиропор за употреба во градежништвото, за изведување градби со висок степен на енергетска ефикасност. Од самиот почеток на нашето постоење постојано работиме на подобрување на квалитетот на производите и зголемување на асортиманот, со единствена цел на пазарот да понудиме конкурентен производ од аспект на квалитетот и цената.


стиропорни плочи
Најголем процент од нашата активност е производство на стиропорни плочи со дебелина од 50, 70, 100, 150 и 200 мм и густина од 10, 15, 17, 20, 25 и 30 килограми. Дел од нашата програма на стиропори за термичка изолација е и графитниот стиропор, кој е хит во градежништвото во светот заради неговите подобри својства во топлинската изолација од обичниот стиропор. Овој стиропор го произведуваме во табли со димензии 100 Х 50 см, а можеме да го произведеме и во димензии 200 Х 100, во зависност од барањата на купувачите.
производството
Последниве години на пазарот сме познати и по производството на елементи од стиропор за изведување на меѓукатни конструкции, односно на монт греди и каналници кои имаат голем степен на топлинска и звучна изолација, ја прават градбата многу полесна, со исто и дури поголемо ниво на цврстина и еластичност од класичната градба. Овие елементи од стиропор, исто така, можеме да ги изработиме со специфични димензии, во зависност од барањата и потребите на инвеститорот.


декоративни панели од стиропор
Последните наши напори за зголемување на палетата производи се насочени кон производство на декоративни панели од стиропор, кои покрај украсната димензија имаат и улога на звучна и термичка изолација. Во овој сегмент на пазарот веќе сме познати по панелот стиропорни цигли.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 1520, бр. 12 (Индустриска зона Пинтија), 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија