Filters
Пребарување
ДАРИС ИНЖЕНЕРИНГ дооел
Е-пошта: daris@daris.mk
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДАРИС ИНЖЕНЕРИНГ се занимава со проектирање, дистрибуција, производство, монтажа на опрема и изведба на комплетни системи за:

- Громобранска заштита
- Заземјувачки системи
- Антикорозивна катодна заштита
- Фотоволтаична заштита
- Електрични инсталации
- Инсталации во експлозивна (Ex) изведба

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008

ДАРИС ИНЖЕНЕРИНГ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ДАРИС ИНЖЕНЕРИНГ

ДАРИС ИНЖЕНЕРИНГ дооел Скопје е реномирана компанија препознатлива на пазарот во Македонија и пошироко по извонредниот квалитет на производи и услуги кои ги нуди во повеќе индустриски гранки. Компанијата е етаблирана со препознатлив квалитет во областа на проектирање, дистрибуција, производство, монтажа на опрема и изведба на комплетни системи од следните области:

  • • сопствено производство на громобрански фаќачи со уред за рано стартување (ГФУРС) вид ВЕДА ТОТАЛ

  • • изведба и контрола на системи за громобранска заштита 

  • • стручна техничка помош за демонтажа на радиоактивни громобрани (РАГ) 

  • • заземјувачки системи

  • • антикорозивна катодна заштита - изведба, сервис и контрола

  • • фотоволтаични системи за електрично напојување (островски и вмрежени)

  • • системи за автоматско управување

  • • електрично осветление

  • • осветление со дневни светилки без електрично напојување

  • • контактно и бесконтактно мерење температури во индустријата

  • • системи за детекција на гасови

  • • изведба на електрични инсталации во експлозивна (Ех) изведба

  • • „паметни“ електрични системи и инсталации

  • • специјални електрични системи на барање на клиентите

  • • мерни инструменти за електрични и неелектрични големини

  • • овесна и спојна опрема (вкрсни спојки, шелни, држачи и слично)

  • • изработка на проекти, студии и стручни извештаи.

daris-inzenering-clubeconomy
daris-inzenering-clubeconomy
daris-inzenering-clubeconomy

ВЕДА ТОТАЛ

Громобранот ВЕДА ТОТАЛ веќе една година е влезен во сериско производство. Тој е 100% македонски производ. Производството е сертифицирано според стандардот ISO 9001. За период од само една година се испорачани или монтирани над 20 громобрани од овој вид на повеќе значајни стопански објекти во Македонија. Во изработка е компјутерска CAD/CAE графичка апликација за проектирање громобрански инсталации, на македонски јазик и прва во светот од овој вид.

ИСКУСТВО

Компанијата ДАРИС ИНЖЕНЕРИНГ со гордост може да се пофали со реномето на најголемо кумулативно искуство на својот персонал и стручните соработници со произведени, проектирани, инсталирани и контролирани системи за громобранска заштита, радиоактивни громобрани и громобрански фаќачи со уред за рано стартување кај околу 500 громобрански системи во Република Македонија. Целокупното производство и понудените услуги на компанијата се унифицирани со процедури сертифицирани согласно стандардот ISO 9001:2008. За сите понудени производи и услуги нудиме беспрекорна постпродажна стручна, техничка поддршка, наменски обуки и сервис.

daris-inzenering-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Алексо Демниевски бр. 7, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)75/530 592

Социјални медиуми

Лице за контакт

Петре Ристески


Мапа