Filters
Пребарување
БМГ Алуминиум

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БМГ Алуминиум се занимава со увоз и продажба на:

- Алуминиумски и ПВЦ профили и додатоци за сите видови градежна столарија 
- Влезни врати
- Профили и додатоци за огради 
- Оков за ПВЦ и алуминиумска столарија
- Брави, цилиндри
- Пурпена

Подетално за компанијата

БМГ Алуминиум

БМГ Алуминиум е компанијата со долгогодишно искуство на пазарот на алуминиумски и ПВЦ профили, кои ги набавуваме исклучиво од најпознатите производители во Европа и затоа можеме да гарантираме за нивниот врвен квалитет. БМГ Алуминиум е реномирана компанија лоцирана во Скопје, во Индустриската зона Визбегово, со мрежа на партнери и соработници на целата територија на Македонија.

bmg-aluminium-clubeconomy

АЛУМИНИУМСКИ И PVC ПРОФИЛИ

Во нашата бранша завземаме едно од водечките места во големопродажбата на алуминиумски и ПВЦ профили, потоа профили и додатоци за огради, оков за алуминиумста и ПВЦ столарија, влезни врати, брави, цилиндри и останатата опрема и прибор од овој сегмент. Во текот на своето долгогодишно постоење компанијата успеа да изгради сопствен деловен објект и постојано работиме врз зголемување на сите наши капацитети, од магацинскиот и продажниот простор, до зголемување на асортиманот на производите, бројот на вработените, возниот парк...

bmg-aluminium-clubeconomy
bmg-aluminium-clubeconomy

СВЕТСКИ СТАНДАРДИ

Асортиманот на профилите и оковот постојано се менува и зголемува, приспособувајќи го на барањата на купувачите. Затоа БМГ Алуминиум во континуитет ги следи сите светки трендови во доменот на градежништвото, применувајќи ги во својата понуда. Во нашата продажна програма се застапени производи кои ги задоволуваат сите европски и светски стандарди и денес многу објекти во Македонија и поширокиот регион се изградени со профили, материјали и опрема кои ние сме ги увезле и пласирале на пазарот.

НАСТРЕШНИЦИ, ПЕРГОЛИ...

Покрај профилите за прозорци и врати БМГ Алуминиум може да се пофали и со богатата понуда на профили за изведување на најразлични надсрешници, перголи..., но и за изградба на структурални, полуструктурални и самовентилирачки фасади. Ние сме подготвени за решавање и на најкомплицираните технички барања, единствено што треба е да ни се обратите.

bmg-aluminium-clubeconomy
bmg-aluminium-clubeconomy

ШИРОКА ПОНУДА

Како што веќе спомнавме, во БМГ Алуминиум ги реализираме и специфичните барања на клиентите, давајќи им ја потребната техничка поддршка. Широката понуда што ја имаме е конципирана да им помага и на малите работилници, но и на големите играчи во сегментот градежна столарија, при што соодветна гаранција што им ја даваме за сите наши производи е посебен бонус за нив.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Јадранска магистрала бр. 125,
Индустриска зона Визбегово,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа