Filters
Пребарување
БАЛ-КОМЕРЦ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БАЛ-КОМЕРЦ се занимава со меѓународен транспорт на стоки во патниот сообраќај

- Возен парк од 60 возила: влекачи, полуприколки, соло камиони, комбиња, пикапи
- Комплетна услуга по принципот „од врата до врата“
- ЦМР осигурување на стоките што ги превезуваме

Подетално за компанијата

БАЛ-КОМЕРЦ

Компанијата БАЛ-КОМЕРЦ е основана во 1993 година и за 25 години од своето постоење, од фирма со едно транспортно средство, успеавме да израснеме во компанија со возен парк од над 60 возила. Денес БАЛ-КОМЕРЦ има церадни возила, ладилници за транспорт на медикаменти, свежа и замрзната роба, како и соло камиони, комбиња и пикапи за експресна дсостава. Главно сме специјализирани за комплетен транспорт и збирен транспорт на стоки од Скандинавија и Западна Европа до Македонија, Албанија и Косово, како и извоз на стоки од Македонија, Албанија и Косово за Скандинавија и Западна Европа. За овие потреби имаме и царински магацин во Скопје кој игра клучна улога во нашата логистика. Тука може да се вклучат и редовните неделни линии од Македонија за Албанија и Косово.

Сите наши возила се опремени со ГПС уреди што им овозможува на клиентите во секое време да имаат точна информација каде се наоѓаат нивните стоки. Сите возила се опремени со АДР сертификати и соодветна опрема за обезбедување на стоките, како и сите потребни помагала за непречено и безбедно реализирање на транспортот, независно дали станува збор за палетизирани или непалетизирани стоки.

bal-komerc-clubeconomy
bal-komerc-clubeconomy

брза и квалитетна услуга

Знаејќи колку е важно клиентот да добие брза и квалитетна услуга, можеме нескромно да се пофалиме дека сме компанија која може да обезбеди најдобро транзитно време за стоките. Со отварањето на нашиот логистички центар, каде ги споивме во едно канцелариските простории, сервисот, пералната за возилата и магацинските простории, се дополнителен показател за стабилноста и сигурност на пратките за нашите клиенти.

bal-komerc-clubeconomy
bal-komerc-clubeconomy

Локален транспорт

Во можност сме да понудиме и локален транспорт, како за пратки кои по магацинското царинење треба да се достават до клиентите, така и за превоз на стоки низ Македонија. Можеме да обезбедиме и комплетна услуга по принципот „од врата до врата“, со завршување на сите царински постапки. Важна улога во оваа услуга имаат нашите соло возила со хидраулична рампа за истовар, погодна за урбанизирани места.

Осигурување

Компанијата БАЛ-КОМЕРЦ има ЦМР осигурување за стоките товарени во нашите возила во вредност од 300.000 ЕУР, со што клиентите можат да бидат сигурни дека нивните стоки се наоѓаат во безбедни раце. По ваше барање можеме да обезбедиме и осигурување за многу поскапи стоки.

bal-komerc-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 14 бр. 26, Бардовци, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Марјан Урумов


Мапа