Filters
Пребарување
АУСПУСИ АСПО

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

СЕРВИСОТ ЗА АУСПУСИ АСПО ви ги нуди следниве услуги:

- Промена на ауспух од алуминизиран лим, со две години гаранција
- Брз сервис со промена на филтер и масло
- Декарбонизација на мотор – внатрешно чистење на моторот

Подетално за компанијата

 
СЕРВИС

АУСПУСИ АСПО

 

СЕРВИСОТ ЗА АУСПУСИ АСПО ви ги нуди следниве услуги:

  • • Промена на ауспух од алуминизиран лим, со две години гаранција

  • • Брз сервис со промена на филтер и масло

  • • Декарбонизација на мотор – внатрешно чистење на моторот

Ауспусите што ги вградуваме се од познатата марка АСПО, изработени од 40 % алуминизиран лим и за нив даваме 24 месечна гаранција. Сервисот за АУСПУСИ АСПО е генерален застапник за АСПО издувните системи.

Една од најновите услуги што ги дава Сервисот за АУСПУСИ АСПО е декарбонизација на моторот, што претставува внатрешно чистење на наслагите од јаглерод во целиот моторен склоп на возилото, со посебна технологија, со што се обезбедува:

  • • Продолжен век на возилото

  • • Намалена потрошувачка на гориво

  • • Зголемување на перформансите на возилото за 10 %

  • • Се добива помирно работење на моторот

  • • Намалена емисија на штетни издувни гасови

Наслагите од јаглерод (гареж) се остатоци кои настануваат при согорување на горивото во моторот, каде се создава слoј кој ги опфаќа сите компоненти на моторот. Гарежот му штети на моторот, а лошото согорување на горивото придонесува за намалување на компресијата и силата, за зголемена потрошувачка на гориво, зголемување на штетните издувни гасови, за зголемени вибрации на моторот и негово нерамномерно работење.

Во Сервисот за АУСПУСИ АСПО ќе добиете квалитетна и брза услуга и доколку ви е потребно да го промените маслото и филтерот за масло, со тоа што секогаш ќе добиете оригинално масло и филтери според вашиот избор.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Борис Трајковски бр. 2/1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/323 058

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа