Filters
Пребарување
АНИТЕРМ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АНИТЕРМ се занимава со вентилација, климатизација, греење

- Клима уреди и климатизација - опрема, услуги и сервис
- Греење
- Вентилација 
- Редовно одржување и сервис на опрема за греење, ладење, климатизација и вентилација

Овластен застапник за Македонија на американската фирма INVENTOR
Овластени сервисери на италијанската компанија RHOSS за Македонија и Косово

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Градежни компании, проектанти, сопственици или корисници на комерцијални објекти на кои им е потребна опрема за греење и климатизација, како и редовно одржување и сервис на опремата за греење, ладење и вентилација

Подетално за компанијата

АНИТЕРМ

Компанијата АНИТЕРМ од Скопје е основана во 2002 година. Долгогодишното искуство на основачите во областа на климатизацијата ја прави нашата компанија конкурентна на пазарот. Со нашата изведба добивате ефикасни, квалитетни и долготрајни решенија за вашите домови, канцеларии и индустриски објекти. Ние ви нудиме современи технолошки и еколошки решенија во областа на климатизацијата. АНИТЕРМ е овластен застапник на американската фирма INVENTOR, за Македонија и во секое време го имаме целокупниот нивен асортиман од производи за климатизација. Анитерм е и овластен сервисер на италијанската компанија RHOSS за Македонија и Косово.

Види повеќе
aniterm-clubeconomy

УСЛУГИ

Постојано ги следиме современите трендови во екологијата. Сите уреди што ги нудиме се со еколошки фреони и се од високата енергетска А класа, со помалку електрична енергија обезбедуваат поголеми ефекти.

Нашите услуги вклучуваат:

  • планирање на инфраструктура

  • имплементација

  • пост-продажна поддршка

  • развој на решенија на барање на корисниците

Визијата на нашата компанија е секогаш да градиме стабилно партнерство со нашите корисници преку взаемна доверба и професионален однос. Досегашното искуство ни кажува дека тоа може да се постигне само со чесна работа и многу посветување на зацртаното. Сакаме да наметнеме нови стандарди преку кои ќе се подигнат критериумите за работењето.

aniterm-clubeconomy

СЕРВИС

Довербата која ја имаме изградено со големиот број познати компании не обврзува да обезбедиме поддршка, сервис и грижа со еднаков квалитет во целиот работен век на производот. Благодарение на услугите за одржување и сервис, кои ги обезбедуваат стручните лица на нашата компанија, на производот кој е инсталиран кај корисниците му се продолжува искористеноста и долготрајноста. Нашата компанија обезбедува: стандарден сервис, договор за вонгарантно одржување и договор за зголемено ниво на одржување.

aniterm-clubeconomy

КОНСУЛТАЦИИ

Стручните лица од нашата компанија се секогаш расположени за соработка. Ќе ви ја понудиме најдобрата варијанта која ќе ги задоволи вашите барања, соглано со можностиte. Можете да добиете детална анализа на производите, предлози и оптимални решенија кои ќе ја направат вашата работна и животна околина пријатно место за работа и живеење.

aniterm-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Црвена скопска општина бр. 10, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Љупчо Костовски - Генерален менаџер


Мапа

Документи