Filters
Пребарување
АЛФАБЕТ
Е-пошта: info@alfabet.mk
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

АЛФАБЕТ - Училиште за странски јазици

- Училиште за странски јазици за деца и возрасни
- Стручни преводи

Подетално за компанијата

АЛФАБЕТ

Училиштето за странски јазици АЛФАБЕТ одржува курсеви за возрасни и деца за следниве јазици:

  • • Англиски јазик

  • • Германски јазик

  • • Италијански јазик (од 16 години нагоре)

  • • Шпански јазик (од 16 години нагоре)

  • • Албански

  • • Турски

  • • Mакедонски за странци

Вршиме подготовка за TOEFL и IELTS сертификат.

alfabet-clubeconomy
alfabet-clubeconomy

Курсеви за деца

Детските курсеви се со времетраење од осум месеци, а слушателите доаѓаат два пати неделно по 60 минути. Има осум степени и на крајот на секој степен се полага завршен тест и се добива диплома.

Одржуваме и курсеви за деца од 1-во и 2-ро одделение. Слушателите на оваа возраст го учат јазикот преку игра, цртање и песнички, доаѓаат два пати неделно по 40 минути.

Курсевите започнуваат со настава од 15-ти септември, а запишувањето започнува од 1-ви септември.

Курсеви за возрасни

Курсевите за возрасни траат четири месеци. Слушателите доаѓаат два пати неделно, по 90 мин. На крајот на секој степен се полага завршен тест и се добива диплома. Бројот на слушатели во една група е од 5 до 10 слушатели. За оние кои не можат да се вклопат во група одржуваме и индивидуални часови.

За двајца посетители од едно семејство и за оние кои посетуваат два курса даваме попуст.

alfabet-clubeconomy

НАЈСОВРЕМЕНА ПРОГРАМА

Професорите вработени во училиштето се со долгогодишно професионално искуство. Условите во кои се одржуваат часовите се беспрекорни, во одлично опремени училници надополнето со видео и аудио презентирање на наставата. Работиме по најсовремени програми, според европските стандарди. Часовите се надополнети со креативна, интерактивна настава, во мошне пријатна средина.

Учете странски јазици по проверени методи!
clubeconomy

ПРЕВОДИ

Центарот за јазици АЛФАБЕТ ги нуди и следните видови превод:

  • • Судски превод;

  • • Литературен превод

  • • Превод на документи

  • • Превод на економски и правни текстови

  • • Превод на медицински текстови

  • • Останати стручни преводи

  • • Лични преводи

Ви гарантираме професионален превод со дополнителна лектура на текстовите, како и запазување на дадените рокови

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Партизански одреди бр. 91, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа